Палестинското движење Хамас го прифати предлогот на новиот медијатор за примирје со Израел во Појасот Газа, со ослободување на заложниците кои се на палестинската територија, изјави неименуван функционер на исламистичкото движење.
Напорите на медијаторите – Египет, Катар и САД – во последните месеци досега не успеаја да постигнат трајно примирје во 22-месечната војна што го опустоши Појасот Газа.
Според цивилната одбрана, 19 Палестинци беа убиени денеска во израелски напади.
Досега ниту еден израелски функционер не го коментираше предлогот за примирје презентиран на Хамас во Каиро.
„Хамас го достави својот одговор до медијаторите и потврди дека го прифаќа новиот предлог за прекин на огнот без да бара никакви измени“, изјави неименуван функционер на палестинското движење.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
