Израел нема намера да ги повреди жителите на Техеран, изјави денеска израелскиот министер за одбрана, Израел Кац.
„Би сакал да го разјаснам тоа што би требало да биде очигледно: не постои намера физички да се повредат жителите на Техеран, за разлика од тоа што диктаторот (Иран) им го прави на граѓаните на Израел“, напиша Кац на платформата Икс, пренесува Cи-Ен-Ен.
Порано денеска, откако во иранските напади врз Израел загинаа најмалку 8 цивили, Кац рече дека жителите на Техеран „ќе ја платат цената и тоа наскоро“ за иранските напади врз Израел.