Топ Вести - Слушај сега
Почитувани, Во врска со информациите објавени на социјалните мрежи и портали за грантот доделен од Европското кардиолошко здружение, а поврзани со д-р Виолета Мојсовска Наумоска, нашата институција сака да ја информира јавноста за следново: Болницата информацијата за доделениот грант ја дознава од социјалните мрежи и медиуми, без претходна комуникација или известување од страна на д-р Мојсовска Наумоска. Апликацијата е поднесена од нејзина страна во лично својство, без официјална согласност и знаење на болницата. Во однос на грантот, институцијата ќе постапува согласно своите процедури, законските обврски и стручните критериуми, а во контекст на заштита на интересите на самата институција и здравјето на пациентите. Болницата останува доследна на принципите на транспарентност, законитост и професионален интегритет и како и досега, така и во иднина информирањето на јавноста ќе го темели на факти, колективна работа и почитување на етичките стандарди во медицината. Стручен колегиум на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања- Охрид
Директор, Билјана Теговска
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
