Background

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД може да ја одземе лиценцата на „Лукоил“ за продажба на странски средства, која моментално важи до 13 декември, во секое време доколку оцени дека не се вложени доволно напори за завршување на трансакцијата

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД може да ја одземе лиценцата на „Лукоил“ за продажба на странски средства, која моментално важи до 13 декември, во секое време доколку оцени дека не се вложени доволно напори за завршување на трансакцијата.

Како што е наведено во појаснувањата објавени денеска, лиценцата за продажба на странскиот имот на „Лукоил“, дозволено е водење преговори за условите на потенцијална продажба, правна, финансиска и оперативна верификација, ангажирање адвокати, консултанти, ревизори, како и изготвување договор кој мора да биде условен и не може да стапи во сила без посебна дозвола од OFAK.

Ако не се исполнат овие услови не е дозволена фактичка продажба на средствата на „Лукоил“, пренос на сопственоста или која било трансакција што би довела до пренос на средства.

- Advertisement -
Ad image

Секој потпишан договор мора да има клаузула дека станува важечки само по посебно одобрување од OFAK.

„Целта на санкциите на OFAC врз Русија е да се изврши притисок врз Москва да ја прекине војната, па затоа секоја предложена продажба на меѓународниот имот на „Лукоил“ ќе се оценува врз основа на националната безбедност и надворешната политика на САД“, наведува OFAC на својата веб-страница.

Властите во Вашингтон одделно ќе проценат дали трансакцијата целосно ги прекинува врските со „Лукоил“ или обезбедува неочекувана добивка за компанијата.

Доколку компанијата купи средства на „Лукоил“, купувачот не смее да ги плати парите на руската фирма, туку да ги уплати на посебна сметка што ќе биде блокирана додека не се укинат санкциите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation