Петар Јанков, кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се заблагодари за огромната поддршка којашто ВМРО-ДПМНЕ ја добива од граѓаните во Струмица.
– Секојдневно сме меѓу вас, разговараме, добиваме огромна поддршка, благодарност за поддршката – рече Јанков.
Јанков ги повика граѓаните на 19 октомври масовно да излезат, да го заокружат бројот 9, со цел огромна победа во Струмица.
– Ве повикувам на 19 октомври масовно да излезете, да го заокружите бројот 9 и да извојуваме една голема победа во Струмица – истакна Јанков.