Камбовски вели дека утрешната седница на Советот случајно е во исто време со интерпелациите во Собранието

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Судскиот совет утре ќе одржи седница, на ист ден кога во Собранието е закажана седницата за интерпелацијата на 5 члена на Советот, а според претседателот Александар Камбовски во поклопувањето на седниците немало никаква намера. Прашан дали утрешната седница на Советот се користи како алиби за членовите за кои се бара интерпелација да не присуствуваат на седницата на Собранието, Камбовски рече дека членовите кои сакааат можат да одат на собраниската расправа.

– Апсолутно не. Немаше никаква намера. Кога се закажуваше нашата седница ние не ни знаевме дека ќе биде на иста дата и собраниската седница. Нашава седница воопшто не е пречка собраниската седница да биде одржана, и обратно. Доколку некој од колегите изрази желба да отиде таму и да даде изјава, ние тука ќе ја прекинеме седницата и ќе почекаме да се врати. Значи нема да има никаква пречка ниту во Собранието, ниту во Судскиот совет – рече денеска Камбовски.

На членовите на Судски совет за кои се бара интерпелација останува сами да одлучат дали ќе бидат присутни на собраниската седница или не.

– Тоа е нивен избор, јас не можам во нивно име да ви кажам. Не знам кој од нив одлучил да оди и да го користи правото да се обрати на Собранието. Доколку некој одлучи, ние тука ќе ја прекинеме седницата, ќе дадеме можност на колегата да отиде во Собрание, да си даде таму изјава, па ќе го почекаме да се врати назад и ќе продолжиме со нашата работа – рече Камбовски.

Прашан дали очекува некој од нив да поднесе оставка, рече дека тоа е личен чин.

– Не знам, тоа е личен чин, индивидуална одлука. Не можам јас. Ниту очекувам, ниту не очекувам. Не знам како ќе се одлучат колегите – посочи Камбовски.

Судскиот совет и денеска одржа седница, на која една од точките на дневен ред е избор на в.д. претседател на Врховниот суд.

Во среда истекува мандатот на актуелната претседателка на Врховниот суд, Беса Адеми, но изборот на нов претседател доцни, па затоа Судскиот совет ќе избура вршител на должност.

Изборот на нов претседаѕел доцни поради тоа што сè  уште не се спроведени постапките за интегритет и психолошкиот тест.

- Advertisement -
Ad image

– Комисијата не успеа да го направи тоа, бидејќи имавме повеќе од 70 кандидати од Академијата за судии, кои исто така се тестираа. Претпоставувам тоа беше причината што повеќе се даде приоритет на академците, бидејќи има многу кандидати и така се пролонгира постапката. Меѓутоа, за брзо време ќе биде избран претседател на Врховниот суд – изјави Камбовски пред почетокот на денешната седница на Судскиот совет.

Петте члена на Судскиот совет, Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Тања Чачарова-Илиевска и Миљазим Мустафа испратија свои одговори во  Собранието на наводите во интерпелацијата. Сите велат дека оваа постапка е директен напад од политиката врз судството.

Интерпелациите ги поднесоа 67 пратеници од владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и на ЗНАМ.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article