Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2025 год. бр. 08 – 15415/55 год. од 25.12.2024 год („Сл.гласник на општина Охрид бр.3/2024), Одлука за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2025 година во Општина Охрид бр. 08-15415/56 од 25.12.2024г, Извод за поставување на урбана опрема, која се наоѓа на Плоштадот св.Климент Охридски,Охрид во зона А бр.19-15112/2 од11.11.2025година од Општина Охрид и Одлука од Управен одбор на ЈП Градски пазар бр.02-492/8 од 20.11.2025 год. Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:
ОГЛАС бр. 14/2025
ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА-ТИПИЗИРАНИ ТЕЗГИ (КУЌАРКИ )
ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:
1. Простор и урбана oпpeмa-типизирани тезги (куќарки)
Локација: Плоштад Св. Климент Охридски
Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени на шематскиот приказ во прилог.
Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 01.12.2025 до 31.01.2026 година.
2. Почетна цена за издавање на урбана опрема е:
|
Број на продажни пунктови предмет на огласување |
Почетна цена/денари (за период од 60дена) |
Износ на депозит (10% од почетната цена/ денари) |
|
|
2.За користење на простор од 4 м2 |
6 |
16.000,оо |
1.600,00 |
- урбана опрема 4 м² со почетна цена од 8.000.00 (осум илјади денари) месечен износ согласно горенаведената Одлука на Совет – вкупно 6 типизирани тезги
2.1 Почетните цени за издавање на урбана опрема се однесуваат за дадениот период
2.2 Во почетната цена за издавање на урбана опрема, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија. Избраните понудувачи имаат обврска:
-
Целиот износ од договорениот надомест за закуп да го плати во рок од 3 работни дена од склучување на договорот за закуп. Во спротивно договорот ќе биде ништовен и право на закуп на урбана опрема ќе има наредно рангираниот учесник на јавниот повик.
-
Редовно да ја одржува урбаната опрема која ја закупил и по завршувањето на договорот за закуп истата да ја предаде на закуподавачот во состојба каква што ја презел од него.
-
Да овозможи непречен увид на урбаната опрема од страна на закуподавачот во секое време, со или без претходна најава за истото.
-
Должни се да обезбедат времено броило (приклучок) за струја, со што потрошувачката на потрошена електрична енергија паѓа на товар на закупецот.
-
Редовно да ги сервисираат Комуналните услуги, како и трошоците за отпадни води кон ЈП Охридски Комуналец Охрид и ЈП Нискоградба.
-
Да ги почитува сите обврски кои ги превзеле со договорот за закуп, во спротивно ќе следи еднострано раскинување на договорот.
2.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
2.4 Избраните понудувачи се должни да ја сервисираат обврската кон општината по основ комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нaселени мeста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) која се пресметува за м2 дневно.
-
-
Договорите со најповолните понудувачи за точка 1 ќe се склучуваат за дадениот период.
-
Избраниот понудувач во целост треба да ги почитува законските прописи предвидени за ваков вид на работа и донесените Одлуки од страна на Советот на оштина Охрид.
-
– во целост да го почитува утврденото работно време;
– да ги почитува прописите утврдени за ваков вид на работа;
– понудувачот кој има статус на физичко лице, по склучување на договорот задолжително да побара од УЈП решение за паушално оданочување со данок на доход.
Согласно законската регулатива, физичките лица паушално оданочени задолжително, самостојно ја обавуваат дејност.
-
избраните понудувачи немаат право да вршат поставување на дополнителна опрема надвор од објектот.
3. Доставување на пријави
3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое:
- Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
- Физичко лице кое е жител на општина Охрид
- Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.
- На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица.
Право на учество на јавниот повик немаат:
-
Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и ЈП Градски Пазар Охрид.
3.2 Понудувачот треба да достави:
- Пријава на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/
- Уплатница на име депозит за учество во износ од 1.600,оо (илјада и шестотини денари) денари за 4 м2
- Уплатата се врши на следната сметка: жиро с-ка 210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, подруж. Охрид
За правни субјекти
- Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постари од 6 месеци),
- Потврда дeлa нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса( за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нселени мста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид и ЈП Градски Пазар Охрид);
- Фотокопија од лична карта на управителот
За физички лица
- Фотокопија од лична карта
- Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);
Уплатениот депозит на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена урбана опрема ќе биде вратен најдоцна во рок од 90 дена, сметано од денот на завршување на постапката по огласот, додека за учесниците кои ќе бидат избрани и ќе добијат урбана опрема на јавното наддавање износот на уплатениот депозит ќe биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.
Уплатениот депозит не е повратен за оние учесници кои се избрани за најповолни понудувачи, а кои после јавното наддавање самоволно се откажале од потпишување на договор за изнајмување урбана опрема-типизирана куќарка. Во ваков случај депозитот трајно го задржува ЈП Градски Пазар Охрид и учесниците немаат право да бараат поврат на истиот.
4. Начин на доставување на пријавата
Пријавата треба да се достави во затворен плик со назнака:
„НЕ OTBOPAJ“
ЈП Градски Пазар Охрид
Комисија за спроведување на оглас за прибирање пријави за издавање на урбана опрема бр. 14/2025
„Булевар Туристичка“ 6p.79 Охрид
НAПOMEНA:
Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите.
Пример за адресирање на плик за достава на пријава:
| “НE OTBOPAJ“
„Да не се отвора пред 28.11.2025 Оглас бp. 14/2025 |
ЈП Градски Пазар Охрид
Комисија за спроведување на оглас за прибирање на пријави за издавање на урбана опрема бр. 14/2025 “Булевар Туристичка “ бр. 79 Охрид |
Пријавата се доставува по пошта или лично во Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид.
ЈП Градски Пазар Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на пријава, нејзино предвремено отворање или губење на истата.
5. Начин на отворање
Пријавите да се достават најдоцна до 28.11.2025 год. во 12.00 часот. Отворањето и разгледувањето на пријавите ќе се врши од страна на комисија формирана со решение од страна на директорот на ЈП Градски Пазар во просторија на закуподавачот без присуство на подносителите на пријавите. За констатираната состојба, комисијата има обврска да изготви записник.
- Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди
- Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk . Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање или
- Јавното надавање ќe се одржи во просториите на Јавното пратпријатие Градски пазар Охрид.
- Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените пријави
- За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на понудувачот.
- За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.
- За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на понудувачот и веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид.
- За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.
6. Предмет на јавно наддавање
- Предмет на јавното наддавање е конечната цена за дадениот период од 01.12.2025 до 31.01.2026
7. Склучување на договор
По завршувањето на постапката, Комисијата доставува предлог до раководното лице на ЈП Градски Пазар, за избор на најповолен понудувач со предлог за склучување на Договор за закуп за период од 01.12.2025-31.01.2026 година.
Раководното лице на ЈП Градски Пазар донесува решение за избор на најповолен понудувач и склучува договор во кој покрај начинот на плаќање на постигнатата цена, посебно се утврдуваат правата и обврските на договорните страни.
Доколку најповолниот понудувач се откаже од склучувањето на договорот ќе му се реализира гарантниот депозит.
Договорот ќе се склучи во рок од три работни дена од денот на приемот на Известувањето за избор на најповолен понудувач.
По склучувањето на Договорот, веднаш а најдоцна во рок од 3 дена, понудувачот е должен во целост да ги подмири сите трошоци кои произлегуваат од постапката, вклучувајќи ја и комуналната такса.
По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои се услов за склучување на истиот, (уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец) избраниот понудувач е должен да се придржува до одредбите на склучениот договор.
Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање, не склучи договор во цитираниот рок, договорниот орган го задржува правото да склучи договор со следниот рангиран понудувач.
Доколку понудувачот кој доставил најповолна понуда на јавното наддавање, од било која причина се откаже од потпишување договор, во тој случај Јавното претпријатие неповратно го задржува уплатениот депозит на ваквиот учесник.
Доколку има потреба или во случај на евентуална попреченост од било кои причини , Општина Охрид и Јавното претпријатие Градски пазар Охрид го задржуваат правото да извршат промена на една или повеќе локации, а закупците како корисници на услугите во ваков случај се обврзуваат да ги прифатат новонастанатите промени на локациите.
Доколку корисникот на услугата не ја прифати таквата промената состојба и промена на локацијата, тоа претставува основ за двострано раскинување на договорот, во рок од 8 дена без можност за надомест на штета ниту било какви други меѓусебни парични или непарични побарувања кои би произлегле од предвременото раскинување на договорот, освен исплатата на целокупниот долг по основ на закупнина по договор.
Во случај на раскинување на договорот поради горенаведените причини, закупецот е должен на Закуподавецот да му го исплати целокупниот долг по основ на закупнина по договорот и освен исплатата на долгот на име закупнина, договорните страни немаат право меѓусебно да истакнуваат никакви други надоместоци и останати парични побарувања.
Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД
Директор
Александар Попоски
Образец на пријава
Поставување урбана опрема за продажба на храна и сувенири за период од 01.12.2025 год. до 31.01.2026 год.
ВРЗ ОСНОВА НА ОБЈАВЕНИОТ ОГЛАС БР. 14/2025 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ДОСТАВУВАМ
ПРИЈАВА
- ОПШТ ДЕЛ
Име на понудувачот:
(назив на правно лице според тековна состојба или име,татково име и презиме за физичко лице)
Контакт информации
Седиште/адреса:
Телефон:
моб.телефон:
факс:
Е-пошта:
Лице за контакт:
Одговорно лице (управител) :
Даночен број : ЕМБС
ЕМБГ: (за физичко лице)
Во прилог на понудата доставувам:
-
-
- За правни субјекти
- Потврда за регистрирана дејност издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – (не постари од 6 месеци)
- Потврда дека нема заостанати обврски кон општината
- Фотокопија од лична карта од управителот
- За физички лица
- Фотокопија од лична карта
- Потврда дека нема заостанати обврски кон општината
- За правни субјекти
-
-
-
- Локација бр. __________
-
Датум Подносител на пријавата
_______________________ _________________________________




























