Јавното претпријатие „Национални шуми” ќе купува механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди во вкупен износ од 48 милиони денари (780.488 евра).
Инвестицијата целоно ќе биде реализирана со поддршка на Министерството за земјоделство за што денеска беше потпишан договор меѓу министерот за земјодлество Цветан Трипуновски и директорот на ЈП „Национални шуми”, Здравко Трајанов.
– Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за инвестициони вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди но не повеќе од 48.000.000 денари со вклучен ДДВ, соопштија од Министерствоот за земјодлество.
Планирано е да се купи специјална опрема за гасење на шумски пожари – пумпи; булдожери; дизел – компресор комплет за потребите при изградба на патишта и трактор со витло.
-Оваа директна инвестиција има за цел модернизација на ЈП „Национални шуми” во делот на заштитата на шумите и ефикасното справување со природните непогоди – велат од Министерството.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
