Јавен обвинител предложи продолжување на притворот за таткото кој ја малтретираше 4-годишната ќерка во скопско Драчево. Во соопштение на Основното јавно обвинителство се вели дека е поднесено обвинение за случајот и дека се прибрани сите докази.
OJO вели дека е побарано продолжување на притворот за лицето бидејќи сè уште постојат законските основи и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори кривичното дело.
Таткото е обвинет дека телесно ја повредил својата малолетна ќерка родена во 2021 година.
„Додека мајката приготвувала јадење, а оштетеното дете си играло со нејзините сестри, во еден момент се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките. На тоа обвинетиот се вознемирил и започнал да му се обраќа на детето со груби навреди. Потоа започнал да манифестира и физички насилно однесување кон оштетеното дете, удирајќи ја ќерката со шлаканици по лицето. На тој начин и нанел телесни повреди – набиеници и гребаници со крвни подливи, а продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие“.
Предлогот за продолжување на притворот за таткото е поднесен заедно со обвинението.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
