Израелското воено радио денеска објави дека, согласно постигнатиот договор за Газа, ќе бидат ослободени 11 затвореници од редовите на Хамас, а не од Фатах, како што било првично предвидено

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Венецијанската комисија на Советот на Европа даде позитивно мислење за Предлог законот за јавно обвинителство и за Предлог законот за Советот на јавните обвинители.

Денеска, во Венеција, се одржа 114. пленарна сесија на Европската комисија за демократија преку право – Венецијанска комисија при Советот на Европа, на која беше усвоено Заедничкото мислење за Предлог законот за јавно обвинителство и за Предлог законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Во усвоеното мислење, Комисијата даде позитивна оцена за процесот и содржината на изработените закони, поздравени се реформските напори на Министерството за правда. Укажано е дека во двата предлог-закона се запазени меѓународните стандарди и се имплементирани сите препораки. Дадени се и неколку дополнителни сугестии во насока на подобрување на законските текстови. Со ова, се потврдува дека законите се целосно усогласени со европските принципи за професионалност и ефикасност на јавното обвинителство, како и со стандардите за транспарентно и одговорно функционирање на Советот на јавните обвинители.

На пленарната сесија, во име на Министерството за правда, се обрати проф. д-р Александра Деаноска Трендафилова, како претседател на Работната група која ги подготви двата закона.

Од Министерството за правда велат дека ќе продолжат посветено да работат на спроведување на препораките, на унапредување на правосудните институции и на јакнење на владеењето на правото во Република Северна Македонија.

„Ова позитивно мислење претставува важна потврда на нашата европска определба, на транспарентниот и инклузивен пристап што го применуваме во процесот на реформирање на правосудството и на заложбата за градење правен систем кој ги одразува највисоките стандарди на демократија, правда и интегритет“, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Двата закона се дел од Реформската агенда на Европската унија со рок до декември 2025 година.

Share This Article