Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес се закани со интензивирање на нападите врз Хезболах во јужен Либан, а либанското Министерство за здравство објави дека четири лица се убиени во вчерашниот воздушен напад на Израел.
„Обврската на либанската влада за разоружување на Хезболах и негово протерување од јужен Либан мора целосно да се почитува“, изјави израелскиот министер во соопштението.
Тој додаде дека проиранската група „си игра со оган“ и дека „либанскиот претседател одложува“.
„Строгото спроведување на мерките ќе продолжи и ќе биде зајакнато. Нема да толерираме никакви закани против жителите на северен Израел“, изјави израелскиот министер за одбрана.



























