Израелските војници пресретнаа меѓународна флотила која се обидуваше да достави лекови и храна во Појасот Газа. Тие се качија на бродови што се приближуваа кон енклавата, објавија организаторите на мисијата.
Флотилата, која се состои од повеќе од 40 цивилни бродови, транспортира околу 500 пратеници, адвокати и активисти. Таа планираше да ја пробие израелската блокада на Газа.
Израелците ја започнаа операцијата додека флотилата беше на околу 90 наутички милји од енклавата. Досега се пресретнати најмалку шест брода.
Објавени се снимки од бродовите „Флорида“ и „Ол Ин“, на кои се качиле израелски војници. Сите членови на екипажот биле однесени.
“The last moments before we lost contact with our comrades aboard the Dutch boat Mohammed Bhar, sailing to Gaza on a humanitarian mission with the Al-Sumud Convoy to break the brutal blockade.” pic.twitter.com/S2h60huKZY
— Global Sumud Flotilla Commentary (@GlobalSumudF) October 2, 2025
Грета Тунберг беше видена како седи на палубата опкружена со војници, во видео објавено од израелското Министерство за надворешни работи и потврдено од Ројтерс. Шведската климатска активистка е најистакнатата патничка на пропалестинската флотила.https: