Background

Истакнати членови на Алијанса за Албанците во клинч со лидерот

Арбен Таравари нема да биде дел од Владата, но во извршната власт ќе може да останат членовите на Алијанса за Албанците кои не се согласуваат со него, изјави денеска во Тетово Биљал Касами на новинарско прашање што се договориле како коалиција Вреди со премиерот Христијан Мицкоски.

Според Касами, за да се направат промени во Владата ќе треба повеќе време, иако вчера рече дека следните денови ќе има и конкретни чекори во тој правец.

– Ние одлучивме дека во следниот период ќе работиме заедно во правец на тоа да Арбен Таравари како главен носител на идејата за соработка со ДУИ да не биде дел од Владата. Договор има дека кој било што соработува со Али Ахмети, во ваква ситуација не може да може да биде дел од Владата. За динамиката и модалитетите како тоа ќе се спроведе од моментот кога ќе имаме конкретно решение, сигурно дека ќе се запознаеме јавноста, затоа што тоа не е едноставна работа. Ако се договориме дека ќе има реформирање на владата, ќе треба да видиме кои ќе треба да излезе и кој ќе треба да влезе, затоа што гледаме дека и во ваква ситуација има некои чинители во Владата кои се дел од партијата на Арбен Таравари кои не се согласуваат со него – рече Касами.

- Advertisement -
Ad image

Градоначланикот на Тетово и еден од лидерите на Вреди, смета дека треба да се прави јасна разлика меѓу Арбен Таравари, кој е носител на комуникацијата со Али Ахмети и Алијанса на Албанците. Тој потсетува на коалицискиот став дека Алијансата на Албанците е важен фактор на коалицијата Вреди и нивната желба и понатаму е да биде дел од коалицијата.

– Секој кој е дел од Алијанса на Албанците и кој сака да продолжи да бидат дел од Владата, ние сме отворени да продолжиме да соработуваме со нив. Значи, во моментот ние цениме дека главен проблем е директната соработка на Арбен Таравари со Али Ахмети. Таа одлука е веќе донесена, дека во случајот, Арбен Таравари не може да биде дел од Владата. Секој друг член на Алијанса на Албанците кој не се согласува со оваа соработка на Арбен Таравари со Али Ахмети е добредојден да продолжи да биде дел од Владата. Затоа треба да се се расчистат овие ситуации, кој е за и кој е против соработката со ДУИ – истакна Касами.

Според него, кога ќе се расчистат дилемите со АА ќе има и промени во нивните досегашните функционерски позиции во Владата и другите тела на извршната власт.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation