Бројот на слободни работни места во четвртиот квартал лани изнесува 9.562, објави Државниот завод за статистика.
Според овие податоци, најголем број слободни работни места, 2.149, има во втората група занимања – стручњаци и научници. Следуваат групите работници во услужни дејности и продажба со 2.074 слободни работни места, елементарни занимања, 1.638, занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 1.028, ракувачи и составувачи на машини и постројки, 851, техничари и сродни занимања, 1.016, службеници, 744.
Евидентирани се и 44 слободни работни места во групата членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори, како и 19 во групата стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот.
Како што објави ДЗС, во четвртиот квартал лани стапката на слободни работни места изнесува 1,93%.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,47% има секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“, додека најмала е стапката во секторот „јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување“, во кој изнесува 0,13%.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,69%.
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, 2,72%.