Background

Интерконектори, нови закони и регионална соработка се клучните проекти

Енергетскиот сектор во Македонија влегува во најдинамичниот реформски период досега, оцени министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, говорејќи на „Форумот за слобода“, меѓународен политички настан организиран од Унијата на млади сили и глобалната мрежа на центар-десни и конзервативни младински организации.

Божиновска потсети дека министерството започнало од нула, со потреба паралелно да го воспостави институционалниот систем, да ја стабилизира ситуацијата и да дефинира јасна мисија.

– Денес можам да кажам, Македонија по долго време има јасна енергетска насока, конкретни проекти и регионални партнери кои нè гледаат како сериозен играч – изјави министерката.

- Advertisement -
Ad image

Таа нагласи дека енергетиката е област во која нема простор за импровизации.

– Или имаш податоци, стратегија, инфраструктура и партнерства или немаш ништо. Затоа прво ставивме ред: да видиме каде сме, што имаме, што ни недостига и што е реално изводливо со темпо кое го бараат модерните енергетски пазари – рече Божиновска.

Меѓу резултатите што ги презентираше се реализацијата на гасниот интерконектор со Грција, усогласената работа со Србија на нов интерконектор, финализираното електроенергетско поврзување со Албанија и новиот темелен Закон за енергетика. Дополнително, усвоени се закони за обновливи извори, геологија и рударство, енергетска ефикасност, забрзани се постапките за приклучување на ветерни и соларни централи, подготвен е тригодишен план за енергетски ефикасно реновирање на јавни згради, како и мастер-план за мрежата и идните инвестиции.

Во панел-дискусија таа посочи дека регионалната интеграција е предуслов за стабилност, додавајќи дека ниту една држава не може сама да ги реши енергетските предизвици.

– Самостојност без поврзаност повеќе не значи сигурност. Само земјите кои се дел од глобалниот мрежен систем можат да бидат стабилни – истакна Божиновска.

Министерката посочи дека Македонија го менува својот пристап и регионалното позиционирање.

– Интерконекторот со Грција го менува начинот на кој пристапуваме до европските пазари и до нови извори на гас. Паралелно, со Србија и Албанија создадовме рамка за функционална соработка. Во минатото седевме сами, бевме надвор од форумите каде се креира енергетската политика. Денес тоа повеќе не е случај – рече таа.

Во однос на затворањето на јагленските капацитети, Божиновска порача дека не постои затворање без план и дека сигурноста мора да биде обезбедена преку алтернативи. Таа поддржува „паметни, пресметани чекори со минимален ризик“.

– Посветени сме на зелената транзиција, но не со брзи импровизации, не на грбот на граѓаните и не без стабилен базен извор на енергија. Денес произведуваме над 40% електрична енергија од обновливи извори, но тоа важи кога има сонце, ветер или вода. Енергија ни треба и навечер, и кога нема ветер, и кога хидролошките услови се слаби. Затоа транзицијата ја правиме со план и со алтернативи. Интерконекторите се нашето осигурување, а паралелно инвестираме во обновливи извори и енергетска ефикасност. Секој заштеден киловат е киловат што не мора да го произведеме – истакна министерката, додавајќи дека „во овој сектор нема место за драматични и опасни скокови – има место само за стабилни, пресметани чекори“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation