Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна време на чекање на Богородица и на Табановце е од 20 до 30 минути, информира Авто мото сојузот (АМСМ).
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потсетува дека на сила е летниот режим за движење на товарни возила со носивост од 15 тони на сите патишта во земјава.