Џеки Корн (36) е вирална бодибилдерка од Холандија која го посветила својот живот на фитнесот.
Тренира два до три пати на ден за да изгради што е можно повеќе мускулна маса. За споредба, Арнолд Шварценегер имал обем на бицепс од 56 см во деновите на неговата најголема слава во бодибилдингот, а Џеки има 64 см. Нејзиниот тренер вели дека Џеки е жената со најголеми раце во Холандија, а веројатно и во светот.
Џеки се занимава со бодибилдинг во последните пет години и троши 500 евра месечно за исхрана и додатоци во исхраната. Јаде осум јајца дневно, а нејзината исхрана се базира на пилешко и спанаќ.
– Тоа е прилично тажно, но здраво мени – вели Џеки.
Бодибилдерката тежи 159 килограми и често позира за своите социјални медиуми со мажи што ги носи преку рамената.
Нејзините видеа од тренинзите на YouTube станаа вирални. Многумина ја поддржуваат: „Секој ден е во теретана и е посветена на она што го прави. Честитки“, „Горд сум на неа, таа е вистински спортист“, „Неверојатна е!“, се некои од коментарите.
Сепак, не недостасуваат и негативни реакции. Некои изразуваат загриженост за нејзиното здравје, додека други го доведуваат во прашање нејзиниот физички изглед: „Тоа не е здраво“, „Колкав ти е холестеролот?“ или „Тоа се раце покриени со маснотии“, пишуваат тие.