Илон Маск стана првиот милијардер чие богатство надмина 500 милијарди евра, а кој беше на листата на Форбс објавен на почетокот на годинава

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Илон Маск стана првиот милијардер чие богатство надмина 500 милијарди евра, а кој беше на листата на Форбс објавен на почетокот на годинава. Таа вклучи вкупно 3.028 милијардери или 247 повеќе од лани, што е рекорден број откако листата беше првпат објавена во 1987 година. Вкупното богатство на сите милијардери е 16,1 трилиони долари, што е зголемување од 2 трилиони долари во однос на претходната година.

Најголемиот број од нив доаѓа од САД, дури 902, по што следуваат Кина со 516 и Индија со 205 милијардери.

Повеќе од 50% од сите учесници на листата се граѓани на една од овие три земји, но вкупно 76 нации и две полуавтономни територии имаат барем еден милијардер, вклучувајќи ја и Албанија која е вклучена на листата за прв пат.

Форбс, исто така, додаде 15 од Саудиска Арабија оваа година, откако ги отстрани милијардерите од Кралството во 2018 година по владината репресија.

Просечното богатство сега изнесува 5,3 милијарди долари, што е за 200 милиони долари повеќе од 2024 година.

Клубот  15 стомилијардери годинава вредат 2,4 трилиони долари – повеќе од вкупно 1.500 милијардери на дното.

Листата ја предводи Елон Маск  со богатство кое  за време на објавување на листата на почетокот на годината беше проценето на 342 милијарди долари , сега надмина 500 милијарди долари.

На листата објавена во април годинава го покажува богатството и на другите милијардери. Тогаш втор на листата беше  Марк Закерберг и Џеф Безос, чие богатство беше проценето на  216 односно 213 милијарди долари.

Лари Елисон бше четврти со богатство од 192 милијарди долари.

- Advertisement -
Ad image

На листата во првите 10 повеќето се Американци, освен Французинот Бернар Арно кој е на 5 место, и Шпанецот Арманчи Ортега кој се најде на 9 место.

Вкупно 288 нови лица се приклучија на годишната ранг-листа на милијардери оваа година. Меѓу нив се познати личности како рок-ѕвездата Брус Спрингстин (1,2 милијарди долари), филмската ѕвезда Арнолд Шварценегер (1,1 милијарда долари) и комичарот Џери Сајнфелд (1,1 милијарда долари). Исто така, нови се: контроверзниот „бос“ на крипто-интелигенцијата Џастин Сан (8,5 милијарди долари), неколку тајкуни на вештачката интелигенција.

На листата е и американскиот претседател Доналд Трамп. Нето-вредноста на претседателот се зголеми повеќе од двојно, од околу 2,3 милијарди долари на околу 5,1 милијарда долари.

- Advertisement -
Ad image

Целата листа можете да ја видите на линкот.

Share This Article