И во август во земјава најмногу туристи дошле од Турција вкупно 49.093, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Втора земја од каде што редовно доаѓаат туристи е Србија со 10.309, а трета е Романија со 5.202 туристи. Традиционално и овој август бројни биле и туристите од Холандија од каде што дошле 5.075 од Холандија
Статистика пресмета дека во август бројот на туристи изнесувал 226.179, а тие оствариле 846.221 ноќевања. И овој месец побројни се туристите од странство кои сочинуваат 52% од вкупниот број, а остатокот од 48% се домашни туристи.
Кога се имаат предвид ноќевањата поголем број ноќевања биле на домашните туристи или 73,4%, а странските туристи направиле 26,6% од ноќевањата. Тоа говори дека странците помал број денови се задржуваат во земјава.
Податоците за периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6,8%, односно кај домашните туристи има намалување за 1,4 %, а кај странските има зголемување за 11,6%.
Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1% така што кај домашните туристи има намалување за 4 %, а кај странските има зголемување за 8,1 %.
извор: ДЗС