Јеменските Хути соборија седум американски дронови „Ем Кју – 9 Рипер“ во изминатите шест недели, јавија агенциите, повикувајќи се на неименувани претставници на американската одбрана.
Само во изминатите седум дена се соборени три дрона, што според официјалните лица укажува дека Хутите ја подобруваат својата способност за откривање и таргетирање на леталата.
Дроновите, чија вкупна вредност надминува 200 милиони долари, биле вклучени во напад или извидување кога биле погодени.
Американската војска спроведува секојдневни воздушни напади врз областите контролирани од Хутите од 15 март, откако бунтовниците поддржани од Иран најавија континуирани напади врз бродови во Црвеното Море по пропаѓањето на примирјето меѓу Израел и Хамас, посочуваат агенциите.
Според достапните податоци, во последните недели повеќе од 100 луѓе се убиени или ранети во конфликти на територијата на Јемен.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
