Хрватска во шок по двојното убиство во Загреб

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

29-годишен припадник на Единицата за почесна заштита, кој воедно го обезбедува и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, е уапсен под сомнение дека извршил двојно убиство во гаража во Загреб.

Според информациите од хрватската полиција, тој ги ликвидирал 30-годишна жена и 38-годишен маж, за кое се сомнева дека е нарачано убиство, а потоа, како ништо да не се случило, заминал на работа во Пантовчак.

Полицијата објави и видео од моментот на апсењето, на кое се гледа бруталната интервенција против осомничениот и неговиот помошник. Двајцата се приведени и обвинети за соучесништво во тешко убиство.

Според кривичната истрага, убиството се случило на 13 јуни околу 18:15 часот, кога војникот пристигнал со мотоцикл до станбена зграда на улицата Црна вода во Загреб. Таму се сокрил во гаражата, чекајќи ги жртвите. Откако парот се појавил и се качил во автомобилот, осомничениот се доближил од страната на возачот и испукал неколку куршуми кон нив.

По извршеното злосторство, го земал оружјето и избегал со мотоцикл. Неколку улици подалеку го чекал неговиот 31-годишен помошник, кому му го предал мотоциклот, а од него го зел автомобилот со кој веднаш продолжил кон Пантовчак на своето работно место.

Мотоциклот подоцна бил паркиран пред зградата каде што живее осомничениот. Полицијата успешно ги лоцирала и уапсила двајцата, а случајот отвори лавина реакции во хрватската јавност поради фактот дека убиството го извршил човек кој секојдневно е во близина на шефот на државата.

Share This Article