Background

Христијан Мицкоски најави постизборна промена на владиниот кабинет

Ние ќе се менуваме и надоградуваме и усовршуваме врз основа на потребите и барањата на граѓаните. Тие што добро ме познаваат знаат дека ниту една функција не е загарантирана ниту вечна, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан, по повод отчет за четиригодишната работа на градоначалниците.

Тој најави дека веднаш по локалните избори ќе има промени во партијата, како и реконструкција и подобрување на капацитетите на Владата.

И затоа веднаш после изборите ќе ги отвориме и вратите од партијата за нови смени и за нови луѓе, и во Владата ќе има реконструкција и подобрување на капацитетите. Веќе добро знаеме како може уште посилно и похрабро со зголемени потенцијали. Тоа не значи дека луѓето кои ќе се заменат биле лоши или немарни, но на владата секогаш и треба зголемен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме. А, ние се наоѓаме на патот на промените, на патот на градење на промени и за прв пат после долго време, на градење на заеднички успеси кои ќе донесат подобра иднина и шанса каква генерации и генерации млади чекаа – рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Мицкоски посочи дека бројките од макроекономијата говорат дека државата е на патот на градење на промените кои ќе донесат подобра иднина, при што покажуваат зголемен извоз, зголемен БДП, раст и развој на економијата и стопанството.

– Дека сме на тој пат говорат и бројките од макроекономијата кои велат дека имаме зголемен извоз, зголемен БДП, раздвижена економија, рaст на стопанството и економијата, и времето на реално чувствување на овие резултати кај реалниот човек сигурно ќе дојде. Не сум човек кој ќе ги гледа работите од дистанца, и затоа промените во владата ќе значат уште посилно темпо и уште поголеми заеднички успеси, кои ќе оделотворат дека сме на правиот пат и граѓаните го направиле вистинскиот избор – рече Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation