Холандија планира да изгради пловечка населба во Ротердам на местото на поранешното пристаниште Спервегавен, кое датира од крајот на 19 век.
Дизајнот за оваа населба го направи данското архитектонско студио MAST (Maritime Architecture Studio) во соработка со изведувачот BIK bouw.
Проектот предвидува изградба на 100 станови, со дополнителни комерцијални и рекреативни објекти. Посебен фокус е ставен на заедничките простории, покривните тераси, пловечките базени и богатата вегетација што ќе се протега низ целата населба.
Зградите ќе се градат надвор од оваа локација, користејќи ламинирано дрво, по што ќе бидат поставена на пловечката подлога. Еден од клучните аспекти на проектот е неговата мобилност – објектите можат да се преместуваат по потреба, на пример по истекот на договорот за закуп.
Населбата ќе биде погодна за велосипеди и чамци и поврзана со постојната велосипедска мрежа во Ротердам.
Мостовите од двете страни на езерото ќе овозможат пристап до паркингот за велосипеди, пловечките патеки и зелените површини
Исто така, во соработка со шкотските еколошки инженери од компанијата „Biomatrix“, планирано е поставување на пловечки трски околу населбата. Тие ќе помогнат во природната филтрација на водата, ќе го зголемат биодиверзитетот и ќе создадат живеалиште за риби и други водни видови.
Холандија проектот го започна поради недостатокот на станбен простор.
Планот е до 2030 година да се изградат милиони нови домови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
