Background

Хаосот продолжува во Париз: Уапсени уште 79 лица на прославата

Историскиот триумф на Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите, каде што Парижаните го декласираа Интер во Минхен со резултат од 5:0, за жал е засенет од низа инциденти што ја придружуваа прославата во француската престолнина.

Како што потврди шефот на париската полиција, Лоран Нуњез, 79 лица беа уапсени во текот на ноќта од недела кон понеделник. Нуњез истакна дека меѓу уапсените имало и некои кои не биле вистински навивачи на ПСЖ, туку поединци „мотивирани од злоба“ кои ја искористиле прославата за да предизвикаат немири.

„Мирот се врати околу 3:30 часот наутро“, рече Нуњез, додавајќи дека бројот на апсења во текот на викендот е „целосно без преседан“.

- Advertisement -
Ad image

Имено, дури 563 лица беа уапсени во ноќта од сабота кон недела, од кои 491 беа во самиот Париз.

Прославите беа дополнително засенети од трагичните настани: смртта на 17-годишник избоден во Дакс и 20-годишник смртно застрелан во Париз, каде што вечерта беше обележана со бројни судири и инциденти.

Сепак, во раните утрински часови во неделата, прославите добија посвечен тон. Фудбалерите на ПСЖ се вратија во Париз и прошетаа со трофејот од Лигата на шампионите по Шанзелизе, каде што беа пречекани од повеќе од 100.000 навивачи.

Тоа беше историски момент за клубот од француската престолнина, кој за прв пат го освои најпрестижното клупско натпреварување во Европа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation