Хамас објави дека палестинска затвореничка сè уште е во затвор, а според договорот со Израел, таа требаше да биде ослободена

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Хамас објави дека палестинска затвореничка сè уште е во затвор, а според договорот со Израел, таа требаше да биде ослободена, објави Вај-нет њуз.

Одделот за затвореници на Хамас врши притисок врз Израел да се придржува до договорената листа на затвореници.

„Техничките тимови се во контакт со посредниците и со Црвениот крст за да извршат притисок врз Израел да се усогласи со договорената листа на затвореници“, соопшти Хамас.

Затворските власти на Израел соопштија дека сите 90 затвореници биле ослободени, како што е договорено во договорот.

Во согласност со условите од договорот израелската затворска служба синоќа ослободи 90 палестински безбедносни затвореници, според информациите на израелските власти, откога првите тројца заробеници беа вратени од Газа. Меѓу затворениците имало 78 жители на окупираниот Западен Брег и 12 жители на окупираниот Источен Ерусалим. Меѓу ослободените имало 69 жени, меѓу кои една малолетна, 8 малолетни момчиња и 12 мажи, осудени за кривични дела, како тероризам и создавање немири.

За време на првата фаза од договорот за прекин на огнот, планот е да се ослободат вкупно речиси 2.000 затвореници. Голем дел од затворениците Израел ги држи во таканаречен административен притвор, што значи дека против нив не се води кривична постапка, туку може да се држат на неодредено време

Share This Article