Хамас го прифати мировниот план на Трамп

Lorita
By Lorita
8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Луѓето во Газа се во состојба на шок, откако американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави позитивниот одговор на Хамас на неговиот мировен план за палестинската територија, врз која израелската војска извршува разорни воени операции по терористичките напади на Хамас врз Израел во октомври 2023 година.

Стотици Палестинци ги преплавија профилите на социјалните медиуми и апликациите за пораки со прашања како што се: „Дали војната заврши?“ и „Дали сонуваме или е ова реалност?“.

Брзиот развој на настаните придонесе многумина да се чувствуваат збунето и несигурно во врска со претстојните настани.

Внимателно формулираната изјава на милитантното движење Хамас – за која се верува дека е составена со помош на посредници – не содржеше целосно отфрлање на мировниот план, туку понуди условно „да“.

Хамас ги прифати условите на Трамп за ослободување на израелските заложници и предлогот за предавање на управувањето со Газа на палестинските технократи – но, не даде јасен одговор на многу други елементи од неговиот предлог од 20 точки.

Тоа беше, велат многу Палестинци, пресметан одговор што ја преврти топката во корист на Израел.

Хамас денеска објави дека се согласува да ги ослободи сите живи заложници, да ги врати телата на мртвите заложници и да ја предаде администрацијата на Газа на палестинско тело на независни технократи. Палестинската милитантна група, исто така, изјави дека е подготвена веднаш да се вклучи во преговори со медијатори, за да ги разгледа деталите за горенаведените прашања.

Првата рунда разговори е закажана да се одржи во Египет. Целите на разговорите вклучуваат договор за деталите за спроведување на предлогот на Трамп, особено во врска со ослободувањето на заложниците и статусот на палестинските територии.

Кратко по објавата, Трамп напиша на социјалните медиуми дека верува дека Хамас е подготвен за мир и го повика Израел да престане со бомбардирањето на Газа.

- Advertisement -
Ad image

Потоа се појавија информации дека олитичкото и военото крило на Хамас не постигнаа консензус за разоружувањето, што е дел од предлогот на Трамп за прекин на војната. Волстрит џурнал, повикувајќи се на арапски посредници во преговорите објави дека главниот преговарач на Хамас, Калил ал-Хаја, и други политички претставници кои живеат надвор од Газа се подготвени да го прифатат предлогот за разоружување, „и покрај значајните резерви“.

Во исто време, лидерот на Хамас во Газа, Из ел-Дин Хадад, е отворен за предавање на офанзивното оружје на Хамас, како што се ракетите, но сака да го задржи „одбранбеното“ оружје на групата, како што се автоматските пушки.

Другите воени команданти на Хамас се помалку отворени за компромис, бидејќи наводно сметаат дека нема да можат да спроведат разоружување меѓу младите што ги регрутирале за време на војната, за кои веруваат дека можеби не се подготвени да го положат оружјето, откако ги загубиле своите семејства и имотот за време на војната со Израел.

- Advertisement -
Ad image
Фото: Принтскрин

Реакциите меѓу Палестинците во Газа се движат од надеж до длабоко сомневање.

Некои стравуваат дека Хамас паднал во стапица и дека Израел ќе ги врати заложниците, само за да ја продолжи војната. Други веруваат дека се отворила историска можност за завршување на двегодишниот конфликт.

„Ги советувам луѓето да бидат трпеливи. Не се занесувајте со оптимизам. Ќе има рунди преговори за деталите. Ѓаволот е секогаш во деталите. Погледнете го Либан, каде што сè уште има раселени лица и воздушни напади, изјави Ибрахим Фарес за Би-Би-Си.

Махмуд Дахер забележа на Фејсбук дека одговорот на Хамас бил невообичаен во својата директност.

– Овој пат тоа беше „да“ без вообичаеното „но“ веднаш потоа. Да, за ослободување на затворениците според формулата на Трамп, да, за завршување на војната и повлекување, да за предавање на власта на Палестинската самоуправа. „Но“, дојде подоцна. Хамас дури и го поласка егото на Трамп со пофалби – напиша тој.

Но, не се сите воодушевени. Активистот и долгогодишен критичар на Хамас, Калил Абу Шамала, вели дека одлуката е донесена за опстанок на движењето.

– Тие ќе го наречат мудрост – или ставање на народот на прво место. Но, вистината е дека станува збор за одржување на Хамас на власт. Дури се сомневам дека ја напишале изјавата, беше премногу разумно – вели тој.

Засега Палестинците се во неизвесност, чекајќи да видат дали зборовите на хартија навистина можат да бидат доволни за да се стави крај на војната.

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва на својата социјална мрежа Трут соушл објави мапа на повлекувањето на израелската армија од Појасот Газа, откако Хамас го прифати мировниот план и ќе започне размена на заробеници.

„По преговорите, Израел се согласи на почетната линија на повлекување, која ја покажавме и ја споделивме со Хамас. Откако Хамас ќе потврди, прекинот на огнот ќе стапи на сила ВЕДНАШ, ќе започне размена на заложници и затвореници и ќе создадеме услови за следната фаза на повлекување, што ќе нè доближи до крајот на оваа 3.000-годишна катастрофа“, напиша Трамп.

За потсетување, Трамп во петокот, на 3 октомри, му постави ултиматум на Хамас, рок до недела до 18 часот по вашингтонско време да ги ослободат заложниците и да започнат преговори, а во спротивно ќе се соочат со одмазда.

„Во спротивно, пеколот ќе се урне врз вас“, се закани Трам на Хамас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва најави размена на заложници. Во своето обраќање до граѓаните откако Хамас се согласи со предлогот за прекин на огнот во Газа. тој му се заблагодари на претседателот Трамп за неговата голема помош.

Како што рече во видеоизјава, Израел е „на прагот на многу големо достигнување“.

– Сè уште не е конечно. Работиме напорно на тоа – рече Нетанјаху.

Нетанјаху вели дека се надева дека ќе може да објави за време на претстојниот празник Сукот дека сите заложници се вратени во една транша, „додека ИДФ останува длабоко во Газа“.

Нетанјаху вели дека сè координирал со американскиот претседател Доналд Трамп, „дипломатски потег што одеднаш ја смени ситуацијата“ додека војниците на ИДФ вршат притисок врз градот Газа.

Во првата фаза, вели тој, сите заложници треба да бидат ослободени, а Израелските одбранбени сили ќе бидат преместени на позиции што им овозможуваат да продолжат да ја следат Газа.

Нетанјаху тврди дека единствената причина зошто Хамас е подготвен да ги ослободи сите заложници е воениот и дипломатскиот притисок. На англиски јазик, тој рече дека е „вистина“ дека Израел може да ги ослободи сите заложници без да се повлече од Појасот Газа.

Во втората фаза од договорот, вели Нетанјаху, Хамас ќе биде разоружан, а Појасот Газа ќе биде демилитаризиран.

– Тоа ќе се случи преку дипломатски или воени средства – предупреди Нетанјаху.

Трамп пред неколку дена го претстави Планот за Газа заедно со Нетанјаху во Белата куќа.

Рамката предвидува крај на војната, ослободување на заложниците и план за обнова на опустошениот Појас Газа. Меѓу клучните точки се разоружувањето на структурите на Хамас, постепеното повлекување на израелските сили и формирање на привремено управно тело за координирање на меѓународните сили.

Share This Article