Background

Хамас е подготвен да ја предаде Газа на палестинските власти, но има еден услов

Хамас е подготвен да го предаде Појасот Газа на палестинските власти, изјавија извори за Sky News Arabia вчера вечерта, како што пренесува Jerusalem Post.

Според овие извори, Хамас поставил и услов нивните државни службеници „да се реинтегрираат во новата администрација или да се пензионираат со гаранција дека ќе им бидат исплатени платите“.

Понатаму, изворите тврдат дека Хамас ја донел оваа одлука „по значителен египетски притисок врз делегацијата на Хамас што го посети Каиро“.

- Advertisement -
Ad image

Израел денеска ќе испрати делегација на работна група во Каиро за да преговара за договор за заложници и прекин на огнот, соопшти кабинетот на премиерот, пренесува The Jerusalem Post.

Делегацијата ќе ја предводи координаторот за заложници и исчезнати лица, бригадниот генерал Гал Хирш, заедно со функционер од израелската безбедносна агенција Шин Бет (ISA) позната по кодното име „М“.

Тимот ќе разговара за спроведувањето на првата фаза од договорот за заложници, во која се очекува ослободување на шесте преостанати живи заложници.

Да потсетиме дека со денови актуелниот план на Доналд Трамп, американскиот претседател, беше да го измести Појасот Газа и да го претвори во туристичка дестинација што ќе биде во сопственост на САД.

Нетанјаху го нарече предлогот на Трамп за „преземање“ на Газа „историска можност“

Неговиот скандалозен план наиде на неодобрување од голем број функционери и лидери, но, од друга страна, беше објавен и „Планот Газа 2035 или поточно контроверзниот план на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за палестинската енклава“.

Сепак, и арапските земји возвраќаат и најавуваат нов план за Газа кој нема да вклучува раселување што го најави Трамп.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation