Background

Гувернерот Славески на Конференцијата за климатските ризици и финансиската стабилност: Народната банка ги засилува активностите за управување со климатските промени

„Климатските промени сè поинтензивно влијаат врз економиите и финансиските системи, а ризиците поврзани со климатските промени претставуваат значаен фактор кој влијае врз ценовната и финансиската стабилност. Поради тоа, централните банки веќе ги интегрираат овие ризици во аналитичките и супервизорските рамки. Пристапот на Народната банка ги следи меѓународните практики. Планираните активности од усвоениот Среднорочен план на активности за периодот 2023-2025 година се во завршна фаза, супервизорските очекувања се вградени во Насоките за управување со климатските ризици за банките, а климатските ризици се интегрирани во регулаторната рамка за кредитен ризик и регулативата за обелоденување податоци и известување. Анализите за влијанието на климатските ризици врз банкарскиот систем се составен дел од нашиот Извештај за финансиската стабилност, а тековно се работи на развивање климатски сценарија и стрес-тестови“, истакна гувернерот д-р Трајко Славески на отворањето на Конференцијата.

 Тој нагласи дека Народната банка во континуитет придонесува за подобрување на расположливоста на податоците поврзани со климатските ризици, пришто од минатата година започна со објавувањето на Преглед на „зелени“ показатели. За да ја согледа подготвеноста на корпоративниот сектор за справување со климатските ризици, Народната банка заедно со Европската инвестициска банка неодамна спроведе истражување кое покажа дека само мал дел (5%) од компаниите имаат планови за справување со климатски ризици, а управувањето со климатските ризици и зелените финансии се во рана фаза.

 „Меѓународната заедница предупредува на високите трошоци од задоцнета акција. Декларацијата на меѓународната мрежа за зелени финансиски системи укажува дека тригодишно доцнење во климатската транзиција може повеќе од двојно да ги зголеми глобалните економски трошоци до 2030 година. Свесноста расте и кај регулаторите и кај банкарскиот сектор, но потребни се континуирани и координирани напори. Анализите на ММФ покажуваат дека уделот на приватниот сектор во финансирањето на економиите во развој е потребно да се зголеми од сегашните 40% на 90% до 2030 година, што ја нагласува потребата за силна соработка меѓу владите, меѓународните институции и финансискиот сектор“, додаде гувернерот Славески, истакнувајќи дека Народната банка ќе продолжи да работи на зајакнување на отпорноста на финансискиот систем и поддршка на одржливиот економски развој.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation