Туристите кои крстарат ќе плаќаат данок од 20 евра ако патуваат до грчките островите Санторини и Миконос, како и 5 евра ако одат на други грчки острови, објави Министерството за финансии на Грција.
-Како што диктира регулативата, оваа такса ќе се применува за Санторини, Миконос, а за другите острови во помала мера – изјави претставник на Министерството за финансии.
Грција минатата година донесе закон за да се обиде да го регулира пристигнувањето на големи бродови на популарните туристички дестинации и да ја олесни инфраструктурата.
Даноците ќе се наплаќаат од 1 јуни до 20 септември, а, според регулативата, крузерите ќе ja ги плаќаат од сопствен буџет, а подоцна ќе ги вклучат во цената на билетот за патниците.
Патувањата со крстарење стануваат сè попопуларни во последниве години, при што приходите во секторот пораснаа за 22,4% во текот на изминатата година.