Патниците на крузери од денес ќе плаќаат данок од 20 евра ако патуваат до островите Санторини и Миконос, како и пет евра ако одат на други грчки острови, објави Министерството за финансии на земјата.
Реклама
„Како што е предвидено со регулативата, овој данок ќе се применува на Санторини, Миконос и други острови во помала мера“, изјави претставник на Министерството за финансии.
Грција минатата година донесе закон за да се обиде да ги регулира пристигнувањата на големи бродови на популарните туристички дестинации и да го олесни товарот врз инфраструктурата.
Даноците ќе се собираат од 1 јуни до 20 септември, а, според регулативата, крузерите ќе ги плаќаат од сопствен буџет, за подоцна да бидат вклучени во цената на билетот за патниците.
Патувањата со крстарење стануваат сè попопуларни во последниве години, при што приходите во секторот пораснаа за 22,4 проценти минатата година.