Background

Градежни инженери, возачи, работници во логистиката и во туризмот се најчестите огласи за вработување во Хрватска

Градежни инженери, возачи, работници во логистиката и во туризмот се најчестите огласи за вработување во Хрватска. За дел од работните позиции се нето плати изнесува и  3.000 евра, а се нудат и сместување, бонуси за продажба или флексибилно работно време.

Градежните инженери се меѓу најбараните кадри, а огласите доаѓаат од повеќе локации во земјава. Во некои огласи за оваа позиција се нуди плата од 2.500 евра нето, со задолжителен услов пет години стаж, поседување на возачка дозвола Б категорија, како и напредно познавање на компјутер.

Значајна побарувачка се забележува и за позиции во логистика -логистички соработници, за кои се нудат плати од 1.400 до 1.500 евра бруто, со надоместоци и попусти за вработените.

- Advertisement -
Ad image

Возачите со Ц и Е категории се исто така барани. Потребно е претходно искуство од најмалку две години, а работодавците нудат плати од 2.500 до 3.000 евра, како и 24 дена годишен одмор.

Продажниот сектор е постојано активен и баран. За работно место продавач во специјализирана продавница потребна е возачка дозвола Б категорија, се плаќаат патни трошоци и се нуди договор на неопределено време. Позицијата сезонски продавач носи флексибилно работно време (20, 30 или 40 часа неделно), како и заработка до 1.250 евра нето месечно.

Пред почетокот на летната сезона се зголемува побарувачката за работници во туризмот. На пример, хотел со пет ѕвезди во Дубровник бара собарки, а нуди плата од 1.200 до 1.500 евра, сместување, како и покриени патни трошоци, пишува Пословни хр..

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation