Изминатите години се изнагледавме на грди и опасни слики од нашето Делчево.
Пожари и отрови од градската депонија. Катастрофални пожари и уништување на шумскиот фонд на општината.
Поплави во урбаните делови на Делчево со животозагрозувачки фактори и огромна материјална штета.
Сообраќаен хаос поради недостиг на тротоари и паркинг простор. Ѓубре и депонии насекаде. Дискутабилен животен баланс во нашата река Брегалница.
После 19 октомври доаѓа нова локална власт, која ги има констатирано сите недостатоци во сферата на заштитата на животната средина и безбедноста во општина Делчево.
Преку серија проекти ќе ги решаваме горливите прашања за кои сите пред нас вртеле поглед на другата страна.
Затоа драги сограѓани сакам да ве уверам овде, во местото на кое што пораснав, на игралиштето во Милково брдо, на познатите бобандери, дека вистинскиот избор на 19 октомври е токму бројот 9. Бројот 9 којшто за нас, лично за нас значи многу работа и ваша доверба.