Background

Главната цел на утринскиот ирански напад врз Израел беше седиштето на Командата и разузнавачката служба на ИДФ, како и разузнавачкиот камп на армијата во технолошкиот парк Гав-Јам, кој се наоѓа веднаш до болницата

Главната цел на утринскиот ирански напад врз Израел беше седиштето на Командата и разузнавачката служба на ИДФ, како и разузнавачкиот камп на армијата во технолошкиот парк Гав-Јам, кој се наоѓа веднаш до болницата, објавија иранските медиуми.

Во овие центри се распоредени илјадници израелски воени сили, како и системи за дигитална команда и за сајбер операции, наведува иранската агенција Тасним.

Иран ги негира извештаите на израелските медиуми дека иранскиот напад погодил болница, наведувајќи дека е погодена локацијата каде што се распоредени израелски војници.

- Advertisement -
Ad image

Претходно, медицинската служба Маген Дејвид Адом (МДА) соопшти дека израелска болница во Бершеба е погодена утринава во најновиот ирански напад со балистички ракети врз Израел и дека најмалку 25 лица се повредени во нападите низ целата земја.

Освен Бершеба, ракетите ги погодија и Тел Авив, Рамат Ган и Холон, предизвикувајќи голема штета, објави Тајмс оф Израел.

Едно лице е сериозно повредено, а речиси 20 други се полесно повредени во напад со балистичка ракета во Холон, според МДА.

Израелските медиуми објавија дека иранска балистичка ракета ја погодила болницата Сорока во Бершеба, додека сирените се огласиле низ Израел по рафалниот оган лансиран од Иран.

Портпаролот на болницата Сорока изјави дека е предизвикана штета во самата болница, како и голема штета во други области.

Гласни експлозии се слушнале низ централен Израел, а пријавени се и неколку други места каде што е извршен директен удар.

Најмалку 25 лица се повредени во нападите низ целата земја, соопшти МДА.

Околу 20 ракети биле лансирани од иранска територија, објавија израелските медиуми.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation