Топ Вести - Слушај сега
Охрид денес пулсираше во духот на најважната споредна работа во светот. Градскиот стадион „Билјанини Извори” одамна не бил сведок на толку импозантна бројка на навивачи. Според протоколот на ФФМ, влезот на трибините беше затворен штом се достигна бројката од 1.000 гледачи, а и просторот околу стадионот остана преполн со публика која сакаше да биде дел од овој убав фудбалски настан.
Пред самата утакмица, атмосферата ја загреа естрадниот уметник Ѓоко Таневски, кој со полни гради ја отпеа навивачката химна на охридските „Рибари” – „Лихнида кајче веслаше” – предизвикувајќи бран на емоции кај присутните.
На теренот, ГФК Охрид Лихнидос, лидерот на Втората македонска лига и главниот кандидат за промоција во елитата-прва македонска лига, имаше задача да ги освои трите бода против ФК Шкендија од Арачиново. Домаќините, кои во оваа сезона покажуваат исклучително добра игра и стабилни резултати, сепак не успеаја да ја пробијат одбраната на гостите.
На крајот, натпреварот заврши 0:0 – резултат кој остава горчлив вкус кај навивачите на Лихнидос, но ги потврдува квалитетите на Шкендија. Охриѓани и натаму остануваат први на табелата, но денес им „побегна” драгоцена прилика за поголема предност.
Следниот натпревар ќе покаже дали „Рибарите” ќе успеат да ги вратат трите бода дома и да продолжат со трката кон долгочекуваниот влез во Прва лига.
С.Д.




ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
