Германските фабрички нарачки во март се зголемија за 3,6% месечно, над очекувањата на аналитичарите и со најбрзо темпо од декември минатата година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германските фабрички нарачки во март се зголемија за 3,6% месечно, над очекувањата на аналитичарите и со најбрзо темпо од декември минатата година, објави денес Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис).

Растот е забележан во сите главни сектори во Германија.

Особен раст има кај нарачките за производството на електрична опрема каде што се бележи раст од 14,5% во однос на претходниот месец, потоа производството на машини и опрема со раст од 5,3%, производството на друга транспортна опрема (авиони, бродови, возови, воени возила со раст од 13,0%, автомобилската индустрија каде што нарачките пораснале за 2,5% и фармацевтската индустрија со раст од 17,3%.

Странските нарачки се зголемени за 4,7%, при што новите нарачки од еврозоната се зголемени за 8,0%, а нарачките од надвор од еврозоната за 2,8%. Домашните нарачки се зголемени за 2,0%.

Share This Article