Топ Вести - Слушај сега
Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – ноември 2025 година, изнесува 8.3 милијарди долари и е зголемен за 6,4 % во однос на истиот период лани. Увозот, во истиот период , пак, порасна за 7,7% и изнесува 11,8 милијарди долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.
Во периодот јануари – ноември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47,7% во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59,3% во вкупната размена.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
