Германија ќе депортира самохрана мајка со четири деца во Србија

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Самохрана мајка и нејзините четири деца, кои живеат во Германија шест години, ќе бидат депортирани во Србија, одлучи германскиот суд откако го отфрли нејзиното барање семејството да добие азил по забрзана постапка, пишуваат германските медиуми.

Административниот суд во Диселдорф, во Северна Рајна-Вестфалија, ја оправда пресудата со проценка дека мајката не била добро интегрирана во германското општество.

Претходно, соучениците на нејзините деца, исто така, покренаа петиција за да му дозволат на семејството да остане. Медиумите известуваат дека децата се активни во локалните здруженија во округот Клеве, меѓу другото, и во фудбалскиот клуб.

Сепак, судот процени дека откако барањето за азил на мајката беше одбиено во 2019 година, повеќе нема причина таа и нејзините деца да бидат толерирани во Германија.

Според одлуката на судот, таа дури нема право да се повика на Европската конвенција за човекови права и нејзиниот дел што гарантира почитување на приватниот и семејниот живот, бидејќи за ова е клучно странецот да биде добро интегриран во Германија, да има социјални контакти и практично да станал граѓанин на земјата.

Според судот, мајката има одредени социјални контакти во нејзиното место на живеење, но не се интегрирала добро и затоа не може ниту да побара дозвола за престој од хуманитарни причини.

Судот навел дека таа не зборува германски јазик и дека не е вработена, дека поголемиот дел од својот живот го поминала во Србија и дека таму има семејство кое претходно ја издржувало неа и нејзиното семејство.

Како по правило, децата ја делат правната и фактичката судбина на своите родители и затоа децата мора да ја напуштат земјата, дури и ако биле активни во општеството и во училиште, навел судот во конечната одлука.

Share This Article