На денешнаата средба со писателката Ксенија Николова, актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ Горан Герасимовски, најави дека во наредниот мандат двојно ќе го зголеми буџетот за култура од 13 на 26 милиони денари, со цел да го задржи приматот во културната понуда во главниот град.
Герасимовски и писателката Николова разговараа искрено и отворено за состојбите во културата, поддршката за младите талентирани автори и уметници и културниот идентитет на Општина Центар. Се согласија дека на младите луѓе им е потребен вистински простор и соодветни услови за да ги изразат и развиваат нивните креативни идеи. Герасимовски потенцираше дека Општина Центар, како ретко која друга општина, инвестира во квалитетна културна програма и младиот креативен уметнички капацитет.
– Приоритет ни се нашите уметници и творци и затоа имаме најдобра урбана културна сцена во Скопје. Пример за тоа се муралите во Дебар Маало кои се дело на нашите стрит артисти. Концертот „Нешто што ќе остане” ја промовира македонската музика и изведувачи. Секој настан е резултат на соработка со нашите граѓани, културни работници и здруженија и ја раскажува приказната на Општина Центар – истакна Герасимовски.
Пример за поддршка на младите автори е и самата Ксенија Николова, чиј роман „Зад маските” и збирката „Секој цвет има свое име” излегоа од печат токму со поддршка на Општина Центар.
Герасимовски најави дека во наредниот мандат двојно се зголемува буџетот за култура од 13 на 26 милиони денари, со цел да го задржи приматот во културната понуда во главниот град.
Tagged as:
Герасимовски ветува поддршка за младите уметници
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
