Охрид – Екипи на коалицијата ЗНАМ (За наша Македонија) предводени од носителот на листата за Совет на Општина Охрид, Марина Ѓоргоска, денес остварија непосредни средби со жителите на Пештани и село Косел.
На овие средби граѓаните беа запознаени со програмата на ЗНАМ за локалниот развој и приоритетите што коалицијата ги има за општина Охрид.
Во текот на посетите, Ѓоргоска и нејзиниот тим водеа отворен дијалог со жителите,ислушувајќи ги нивните проблеми, потреби и предлози за подобрување на условите за живот во овие населби.
„Директниот контакт со граѓаните е од клучно значење за нас. Само преку вакви средби можеме вистински да ги разбереме потребите на локалната заедница и да изградиме програма која ќе им одговори на нивните очекувања”, изјави Ѓоргоска за време на посетата.
Граѓаните ги искористија средбите за да постават прашања и да ги изнесат своите приоритети, додека тимот на ЗНАМ се обврза дека ќе работи на решавање на проблемите со кои се соочува локалното население.
Коалицијата ЗНАМ продолжува со теренските активности низ Охрид, најавувајќи дека ваквите средби ќе продолжат и во другите населени места во општината.






