Background

Францускиот амбасадор во работна посета на компанијата

Делегација од Амбасадата на Франција, предводена од неговата екселенција Кристоф Ле Риголер, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје. Во рамките на посетата, чиј домаќин беше генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, дипломатскиот тим имаше можност да се запознае со работењето на компанијата, финансиските резултати, деловните активности, како и со производствените перформанси и продуктното портфолио.

Деветдецениската корпоративна историја и постапниот раст и развој на „Алкалоид“ на амбасадорот Ле Риголер му беа презентирани низ обиколка на компанискиот Музеј, во кој хронолошки, во декаден след, е претставена трансформацијата на „Алкалоид“ од скромен фармацевтски локалитет во современ глобален бренд зад кој стојат над 3.000 исполнителни вработени.

Официјалната работна посета на француската дипломатска делегација вклучи и обиколка на производствените капацитети во сегментот ПЦ Фармација, како и посета на компанискиот Институт за истражување и развој, каде беа презентирани современите технолошки процеси и иновативниот пристап во развојот на нови фармацевтски формулации и производи.

- Advertisement -
Ad image

Во фокусот на работната средба се најдоа и клучните стратешки определби на компанијата – силно изразената извозна ориентација, континуираните капитални инвестиции, вложувањата во програмски инструменти за едукација и доквалификација на вработените, навременото воведување и одличната реализација на ESG-стандардите, општествено одговорните проекти, како и стратешката посветеност кон одржлив раст и пазарна диференцијација во глобални рамки.

Франција е една од водечките земји во светската фармацевтска индустрија и претставува значаен меѓународен партнер за „Алкалоид“, со долгорочна и успешна соработка со повеќе водечки француски фармацевтски компании, меѓу кои: „Sanofi Aventis“, „Sanofi Pasteur“, „Ethypharm“, „Saint Gobain“ и други. Франција е меѓу петте најголеми фармацевтски пазари во светот. Високоразвиената француска фармацевтска индустрија во просек учествува со околу 3% во вкупното глобално производство на лекови, со значаен придонес во истражувањето, развојот и извозот на фармацевтски производи.

Официјалната работна посета на францускиот амбасадор е од особено значење за компанијата и претставува одлична можност за продлабочување на досегашната соработка и за изнаоѓање нови форми на синергија меѓу „Алкалоид“ и француските фармацевтски компании.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation