Во сообраќајна несреќа со автобус на „Фликсбус“ во северна Германија повредени се 20 лица.
Автобус на „Фликсбус“ се преврте на автопатот А19 во германската покраина Мекленбург-Западна Померанија. Причината за несреќата сè уште не е позната.
Автобусот, кој превезувал 53 патници и двајца возачи, патувал од Копенхаген до Виена. Несреќата се случила околу 2:40 часот по средноевропско време во близина на раскрсницата Ребел во правец на Берлин. Повредени се 20 лица, од кои едно е во критична состојба. Вториот бил заробен во автобусот два часа пред да биде спасен, изјави портпарол на германската полиција.
Спасувачи, пожарникари, полиција и хеликоптери биле испратени на местото на несреќата. Автопатот бил затворен по несреќата и сè уште не е јасно кога ќе биде повторно отворен.