Фискалниот совет препорача да се зголеми фискалната дисциплина кај јавните претпријатија

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 90
- Advertisement -
Ad image

Фискалната стратегија сѐ уште не ја игра улогата на стратешки документ што треба да е сидро за макроекономските и развојните политики на земјата. Стратегијата често се менува, дури и на годишна основа. Така се губи долгорочната ориентација и за макроекономските политики и за фискалната политика. Анализата за периодот 2004 – 2023 година покажа склоност економскиот раст да се стимулира со фискална експанзија што треба да се преиспита зашто доглорочно не дава соодветни резултати. Јавниот долг надмина 60 отсто во 2024 година, но според статситиката не се земаат неизмирените обрвски кои на крајот од 2024 година изнесуваа четири отсто. Со ревизијата на оваа статистика, јавниот долг е околу 65 отсто од БДП што е согласно финансиската и буџетската статистика на ЕУ, рече денеска претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев.

Пред членовите на собраниските комисии за економски прашања и финансирање и буџет, европските експерти и претставници, Бишев напомена дека Фискалниот совет ја оценува како добра Фискалната стратегија 2025 – 2029 година што ја усвои Собранието.

– Стартегијата е добра рамка за фискална консолидација и на тој план буџетските дефицити се намалуваат на четири проценти во 2025 година и на 2,8 отсто во 2029 година. Со оваа динамика, Фискалниот совет целосно се согласува и ја поддржува, а јавниот долг е од 62 отсто во 2026 година на 59,7, но моменталните податоци се дека фискалниот долг е веќе 60 проценти, без достасаните обврски. Во однос на ризиците, укажавме дека фискалниот капацитет на јавните приходи врз основа на даноци и придонеси е 32 – 33 отсто од БДП. Во најновата студија на ММФ само фискалниот капцитет базиран на даночни приходи е проценет на 22,24 проценти, а од друга страна буџетските расходи за наредните четири години се проектирани на ниво од 40 проценти од БДП и тука го гледаме најголемиот ризик за реализација на буџетската стратегија. Препорачавме да се зголеми ефикасноста и да се намалат јавните расходи, да се зголеми фискалната дисциплина особено кај јавните институции, државните претпријатија, локалната власт, реформа на пензискиот систем и воведување еколошко оданочување, како и конвергенција кон даночните системи со ЕУ – нагласи Бишев.

На долг рок, според Фискалниот совет, треба да се редуцираат буџетските дотации за пензии и да се сведат под 30 отсто зашто на долг рок над тој процент е неодржлив и го прави Буџетот ранлив.

– Ја поддржавме определбата на Владата изнесена во Фискалната стратегија јавните инвестиции во просек да изнесуваат пет отсто од БДП, а според Стратегијата за развој 2024 – 2044 што исто така ја усвои Собранието, тие се проектирани на 6,5 отсто од БДП со напомена дека ако во текот на годината средствата не се потрошат, не се пренаменуваат во тековни расходи, туку да останат за инфраструктура и инвестиции во наредната година или да се формира јавен фонд за инвестиции. Фискалниот совет препорачува да има квантификација на буџетските ефекти, односно на влијанието на предложените мерки и закони врз буџетските приходи, расходи и врз Стратегијата, да се отвори дебата за воведување уште едно фискално правило за јавните расходи, за нивниот раст во однос на номиналниот раст на БДП, како и да нема ревизии на фискалните приоритети пред изборните периоди – подвлече Бишев.

Една од препораките на Фискалниот совет е при предлагањето мерки и закони обврзно да има и фискална проценка за ефектите од нивното спроведување.

Бишев во обраќањето рече дека македонските фискални правила во целост ги исполнуваат критериумите на Светска банка: обезбедуваат долгорочна стабилност на јавните финансии и на фискалната политика, овозможуваат реакција во услови на економски шокови или при потреба од дополнителни инвестиции во инфраструктурни проекти и развој, а во добри времиња овозможуваат да се создадат фискални бафери за тешки времиња. Во македонската регулатива во најголем дел, додаде, веќе се вклучени и новите фискални правила за независните финансиски институции на ЕУ, останува уште да заживеат во пракса.

Осврнувајќи се на релациите со релевантните државни институции, Бишев укажа дека досега соработката на Фискалниот совет со нив главно се сведувала на вршења анализи и давања мислења или препораки откако буџетските или фискалните документи веќе биле усвојувани или доставувани до Собранието. Фискалниот совет не бил вклучен, рече, во подготовката на овие документи за да се искаже по макроекономските претпоставки или за потенцијалните ризици.

Бишев ја истакна потребата од кадровско јакнење и финансиска незваисност на Советот. Напомена дека е неопходно да се обезбедат доволно и стабилни средства на долг рок.

- Advertisement -
Ad image

Презентацијата „Фискално управување во ЕУ и улогата на Фискалниот совет“ почна со воведни обраќања на претседателите на Комисијата за финансирање и буџет и на Комисијата за економски прашања, Сања Лукаревска и Бојан Стојановски. Потоа свој осврт дадоа евроамбасадорот Михалис Рокас и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава Масимилиано Паолучи по што следуваа излагања и на експертите.

Share This Article