Годинава 97,2% од деловните субјекти имале пристап на интернет, а дури 99,2% од нив користеле компјутер во својата работа, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска.
Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 92,9 % од фирмите со 10 или повеќе вработени. За разлика од нив 98,3% големите компании со повеќе од 250 вработени имале пристап до широкопојасен интернет.
Фирмите во најголем процент користат интернет со брзина на симнување од 30 мегабајти, а многу помалку со брзина од 100 мегабајти во секунда.
Во однос на онлајн продажбата на производите и услуги податоците покажуваат дека 16,4% од малите фирмите примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 15% од нив примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба. Соодносот кај големите компании е 36,6%, односно 32,4%.
11,3% од продажбата на фирмите со 10 и повеќе вработени се реализирала кон крајни потрошувачи, додека меѓу две фирми или фирма и државен орган се реализираат 8% од продажбите.
Кај големите компании тој сооднос е 17,6% од продажбата е реализирана кон купувачите, а 13,1% со фирми или со државни органи.
Веб продажбата во однос на вкупната продажба учествува со 4% кај малите фирми и со 4,2% кај големите компании.
Во 2025 година, деловните субјекти со пристап на интернет имале најголемо учество во секторот Останати дејности со 99,7% и во секторот ИКТ со 99,1%.