Финансиската полиција открила злоупотреби вредни 30 милиони евра

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Финансиската полиција, и покрај тоа што брои мал број вработени, се наметнува како институција со најголема тежина во борбата против економскиот криминал во земјава. Во период од само една година, Управата успеала да открие злоупотреби на јавни средства вредни над една милијарда денари, или приближно 30 милиони евра, за што се поднесени 36 кривични пријави.

На настанот кој вечерва се одржа во Скопје по повод 22 години од формирањето на Управата за финансиска полиција, директорот Слободан Ивановски истакна дека откриени се големи случаи кои претставуваат сериозен удар по буџетот и побара злоупотребените пари итно да се вратат назад.

– Овие пари се на граѓаните и мора да бидат вратени во буџетот. Секој функционер мора да се однесува домаќински и да разбере дека јавните пари не се за лична корист – рече Ивановски.

Тој најави дека во наредниот период ќе се интензивираат финансиските истраги кои ќе се фокусираат на следење, замрзнување и конфискација на имот што потекнува од казниви дела.

– Покрај класичната криминалистичка истрага, ќе водиме и финансиски истраги кои ќе го следат текот на парите, ќе го лоцираат имотот и ќе го враќаат назад во буџетот – додаде Ивановски.

Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање порача дека е охрабрен од резултатите на оваа институција, но и дека сака што помалку да има поединци кои ќе се обидат да ги злоупотребат народните пари.

– Не сакам да славиме успеси, сакам да нема потреба од нив. Но бидејќи дојде ново раководство кое вистински се грижи за државните средства, сигурен сум дека секој што се збогатувал на грбот на народот ќе се соочи со правдата – рече Мицкоски.

Тој истакна дека оваа борба за правичност е од суштинско значење за имиџот на државата.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, рече дека Финансиската полиција, иако е една од најмалите институции по број на вработени, покажува резултати какви што не се забележани во ниту еден претходен период.

- Advertisement -
Ad image

– Поднесени се кривични пријави за штети вредни над една милијарда денари. Тоа се бројки што не смеат да се игнорираат – нагласи министерката.

Таа пофали дека институцијата е составена од врвни професионалци и експерти кои го следат текот на парите и криминалот.

– Очекувам уште многу нови предмети да бидат откриени. Финансиската полиција има огромна тежина, бидејќи директно влијае на зголемување на буџетските приходи и испраќа јасна порака: крај на злоупотребите – изјави Димитриеска-Кочоска, додавајќи дека и наредната година очекува да биде горда на резултатите што ќе ги испорача оваа институција.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article