Background

Финалето на „Симпсонови“ ги расплака обожавателите

Почивај во мир, Марџ Симпсон. Или барем, донекаде. Во финалето на 36-тата сезона од култната анимирана серија „Симпсонови“, се открива дека мајката на семејството Симпсонови починала, и тоа во сцената што ја покажува иднината.

Епизодата, насловена како „Чудни нешта“ (Estranger Things), се фокусира на односот помеѓу братот и сестрата, Барт и Лиза, кои се оддалечуваат откако ќе престанат заедно да ја гледаат детската емисија „Itchy & Scratchy Show“. Марџ се плаши дека нејзините деца на крајот ќе се отуѓат целосно, што е токму она што се случува 35 години подоцна, по нејзината смрт.

Во иднина, Лиза станува претседателка на НБА и го плаќа сместувањето на Хомер во домот за стари лица што Барт го води нелегално. Во кратката сцена од погребот на Марџ, Хомер стои во солзи покрај нејзиниот гроб опкружен со своето семејство.

- Advertisement -
Ad image

Откако е отстранет од домот од страна на социјалните работници кои сакаат да го преместат во Флорида, потресената Лиза наоѓа старо видео во кое Марџ им кажува на Барт и Лиза дека секогаш можат да сметаат еден на друг. Инспирирани од нејзината порака, братот и сестрата се помируваат и заедно тргнуваат да го спасат Хомер. Го враќаат дома и сите повторно почнуваат да ја гледаат новата верзија на шоуто „Itchy & Scratchy Show“.

 

Од небото, Марџ го набљудува своето семејство и вели: „Толку сум среќна што моите деца повторно се блиску“.

Во тој момент се појавува Ринго Стар и ѝ вели: „Душо, ќе задоцниме за рајската шведска маса“.

Марџ одговара: „Во ред, Ринго. Мило ми е што во рајот смееме да се венчавме со некој друг“, после што го бакнува легендарниот музичар.

Епизодата брзо стана исклучително популарна на социјалните медиуми, а гледачите масовно го изразија својот шок од смртта на овој омилен лик.

„Не сум ги гледала Симпсонови повеќе од 10 години, но навистина ја убија МАРЏ?!“ напишал еден корисник на платформата Икс.

„Зошто Марџ и Ринго се мртви?“ прашал друг.

„Што е ова што го слушам, дека ја убиле Марџ Симпсон???“, додал трет.

За потсетување, „Фокс“ во април ја обнови „Симпсонови“ за уште четири сезони во април, што значи дека серијата сигурно ќе продолжи. Датумот на премиерата на сезона 37 сè уште не е објавен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation