Филипче од Куманово: Со СДСМ и Костовски пазарот ќе се реконструира, нема да се продава

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
📍 Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска заедно со кандидатот за градоначалник на општина Куманово, Мартин Костовски и кандидатите за советници, направија обиколка на зелениот пазар во Куманово.
🔹 По разговорите со продавачите и посетителите на пазарот, лидерот на СДСМ, д-р Филипче изјави дека постои сериозна загриженост кај граѓаните за економската состојба и лошите економски политики на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
🎙️ Земјоделците и продавачите укажаа на недостигот од поддршка од државата, укинувањето на субвенциите и авансните плаќања, што директно влијае на производството и на цените на производите. Граѓаните, пак, се жалат дека сè потешко можат да ги купат основните прехранбени производи, резултат на лошите економски политики на актуелната влада, рече д-р Филипче во изјавата за медиумите.
▫️Лидерот на СДСМ, д-р Филипче, исто така укажа на стравувањето на жителите на Куманово дека актуелниот градоначалник планира да го продаде зелениот пазар, уверувајќи дека со СДСМ во Куманово тоа нема да се дозволи.
💬 За овој пазар конкретно, дел од луѓето што тука работат изразија стравување дека актуелниот градоначалник планира да го продаде. Сакам да кажам дека во нашата програма јасно стои – пазарот нема да се продава. Наместо тоа, имаме детален план за негово целосно реконструирање со современи услови, вклучително и подземен паркинг за подобри услови за работа и за посетителите, истакна д-р Филипче.
Share This Article