Background

Филипче: Не сме на пазар, без применети реформи – нема укинување на техничката влада

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

На граѓаните треба да им е јасно дека тоа што до сега го зборувавме е вистина и се што најавивме практично се случува. Нема ни збор за главните проблеми во државата. На власта и се брза да направи избори, затоа што пари нема. Дупката во Буџетот е огромна, а понатаму исто така како што најавивме ќе следи проектот мигранти за пари.

- Advertisement -
Ad image


Предупредивме дека има огромна дупка во Буџетот. Недостасуваат околу 2 милијарди евра. Конкретно на страна на приходите кусок од 500 милиони евра, дефицит во Буџетот е 680 милиони евра. Доспеани и неподмирени обврски кон економски субјекти 700 милиони евра.

Поврат на ДДВ помеѓу 100 и 150 милиони евра кои што не се исплатени кон компаниите. Следат нови задолжувања, еврообврзница, нови кредити. Сето тоа ќе се пополнува на грбот на народот. Нема пари за раст на платите во 2026 година.


Понатаму во земјоделството, скандалот со ИПАРД се потврди, кражба на европски пари. Ние сме на црната листа на Европа во делот на земјоделството. Власта нема од каде да надополни дупка од 120 милиони евра коишто беа субвенција, поддршка за илјадници семејства кои што се занимаваат и живеат од земјоделството.


Понатаму, како што кажавме и како што разобличивме се случува силна анти-европска кампања. Се провоцираат судири со Грција и со Бугарија. Се наметнуваат националистички теми, се измислуваат изговори за земјава да се држи во изолација. Ги спомнавме и активностите против нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави. Вицепремиерот на нашата влада Стоилковиќ на средба со ноќните волци блиски до рускиот претседател Путин.


Понатаму алармираме за огромниот степен на криминал и корупција којшто се случува изминатите година и пол. Фирми блиски на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ тендер коалицијата. 161 тендер на една фирма, 51 тендер една фирма во бројни општини каде градоначалници се ВМРО-ДПМНЕ, 1,2 милиони евра тендер во пошта. И уште безброј многу други корупциски скандали коишто ќе ги објавуваме во следниот период.


Рековме дека се брзаат и им се потребни избори. Зошто баш на Божиќ, на најголемиот христијански празник имаше потреба да се најавува таква работа?

Се што најавивме, се се оствари. Ги разоткривме буквално сите планови на оваа власт.

Укажавме дека се сузбива демократијата, дека се партизираат институциите, дека се ограничува слободата на говорот. Се донесе резолуција во Собранието, со која што замислете како во Третиот рајх се ограничува што може, а што не може да каже опозицијата.


И да не биде предоцна, ќе повториме уште еднаш за мигрантите, дека и за тоа сме биле во право.

Укинувањето на техничката влада треба да се случи тогаш кога нашето општество ќе биде зрело за тоа.

Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори не се прашања за политички пазар. Затоа неопходни се реформи по европски стандарди, посебно во делот на правосудството.

И кога ќе бидат донесени сите реформски закони онака како што треба, според препораките на оценската мисија, на луѓе експерти од Европската Унија, кога сите тие реформи, закони не само што ќе се донесат, туку и ќе почнат да се користат, ќе бидат вистински имплементирани во судството, во обвинителството, во полицијата, во делот на правдата.

 

Ете тоа е моментот кога ние како држава ќе бидеме спремни да се укине техничката влада, и тоа е клучно.

Затоа СДСМ ќе ги поддржи само реформите кои што оваа земја носат на ниво на европските стандарди.

ВМРО и ДУИ нека договараат што сакаат. Нивната соработка на сите нас ни е многу добро позната. Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Ние не сме на пазар. Наша обврска е да ја вратиме власта во рацете на граѓаните.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=TyWH3qijfdA

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation