Background

Eвропските сојузници треба да заземат поагресивен пристап кон Москва и да ги продолжат плановите за користење на замрзнатиот руски имот за финансирање на воените напори на Украина

Eвропските сојузници треба да заземат поагресивен пристап кон Москва и да ги продолжат плановите за користење на замрзнатиот руски имот за финансирање на воените напори на Украина, вели американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер.

Тој додаде дека тој потег би бил „значаен чекор“ во зајакнувањето на финансирањето на Киев „за неколку години“, економски и воено.

– Но, мислам дека тоа исто така би укажало на нов чекор – поагресивна Европа. Време е да дејствуваат смело – рече Витакер во интервју за телевизијата Блумберг во Берлин.

- Advertisement -
Ad image

Витакер ги пофали европските членки на НАТО за исполнувањето на ветувањата дека ќе трошат повеќе за одбраната, велејќи дека е „генерално многу задоволен“ од реакцијата на притисокот од САД.

– Некои сојузници се во подобра економска позиција од другите во однос на блиската иднина. Но, мислам дека долгорочно постои значајна посветеност – рече Витакер.

Коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој Русија ја нарече „тигар од хартија“, што предизвика бурна реакција во Москва, Витакер рече дека руската војска „не е нужно толку силна“.

– Европа наместо тоа треба да биде подготвена бидејќи Кремљ е невнимателен – тие се непредвидливи и можат да направат потег на територијата на НАТО – рече Витакер.

На прашањето дали брзото вооружување на Германија ризикува создавање нерамнотежа во Европа, Витакер го пофали Берлин како „примерен сојузник“ и „поинаква Германија“, но рече дека „исто така треба да има изедначувањена силите во рамките на Европа“.

Во врска со обвинувањата на сметка на Киев, откако агенциите за борба против корупцијата открија корупција во енергетскиот сектор, Витакер рече дека Зеленски и властите во Украина усвоиле „вистински тон“.

– На крајот мислам дека сè ќе заврши добро, но ни треба да бидат на пат кон тоа да бидат повеќе како Западот и нетолерантни кон корупцијата – рече Витакер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation