Топ Вести - Слушај сега
Американскиот претседател во Давос ги спаси европските лидери од носење тешки одлуки на самитот, пишуваат бриселските медиуми. Ова, според медиумите бил неочекуван потег на Доналд Трамп кој направил пресврт.
„Наместо тоа, тие можат да ја поминат вечерта релаксирајќи се, уживајќи во вечерата и зборувајќи за лекциите што мора да ги научат, но, веројатно нема, од една од најлудите недели во поновата историја. Уште подобро, тие можат да тврдат, како што направи синоќа италијанската премиерка Џорџа Мелони, дека нивниот фокус на дијалог, а не на ескалација, ја спаси ситуацијата“, заклучува порталот „Еурактив“.
„Еурактив“ потсетува дека европските лидери претходно ги мереа своите зборови за можните контрацарини за САД.
Според порталот, договор за „жесток одговор“ на ЕУ кон Вашингтон за Гренланд веројатно никогаш немаше да постигнат.
Бриселски „Политико“, пак, оценува дека сè се случи за само неколку часа, темпо на кое можеби ќе треба да се навикнеме во 2026 година.
– Со еден удар американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече заканата за насилно одземање на Гренланд од масата и за царини поврзана со ова прашање, тема која се очекуваше да доминира на денешниот вонреден Самит на ЕУ, наведува порталот.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече својата закана за воведување нови царини врз европските сојузници доколку продолжат да се спротивставуваат на неговиот обид да го преземе Гренланд.
Мерц исто така испрати мрачно предупредување во дел од својот говор, велејќи дека светот се претвора во „сцена на големите сили“, велејќи дека Германија еднаш во историјата тргнала кон таа бездна.
Во освртот натаму се додава дека „возбудливата посета на Трамп на Швајцарија“ ја „претумба“ агендата на денешниот состанок, при што неговиот говор во Давос им обезбеди „храна за размислување на повеќето, ако не и на сите, земји членки на ЕУ, без разлика дали станува збор за царините или не“.
Медиумите посочуваат дека иако деталите околу договорот што Трамп го постигна со Данска околу Гренланд остануваат оскудни, несомнено важна улога во неговото постигнување одигра генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој, според „Еурактив“, го „жртвуваше и последниот грам самопочит на олтарот на егото на американскиот претседател“.
„Политико“ пак наведува дека „Марк денеска го спаси светот“, посочувајќи дека првиот човек на НАТО „успеа да постигне некаков договор“.
– Природата на тој договор сепак останува мистерија. Знаеме само дека во него учествувале сите седум сојузници на НАТО од Арктикот за да се осигури дека Русија и Кина никогаш нема да добијат упориште на Гренланд, додава порталот.
Олеснети од притисокот да одговорат на заканите на Трамп, се вели во бриселските медиуми, лидерите поопуштено ќе можат да се посветат и на прашањето што да прават со Одборот за мир за Газа и како да ги рекалибрираат односите со Вашингтон.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
