Европа е принудена да ги исклучи ветерниците

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европските земји каде што енергијата на ветерот игра клучна улога мораа да го ограничат рекордното производство на енергија од ветер оваа година поради преоптоварување на мрежите кои не можат да ја пренасочат вишокот зелена енергија.

Податоците од агенцијата LSEG покажуваат дека стапките на ограничувања на производството во Шпанија, Германија, Франција и јужна Шведска се зголемиле за девет месеци годинава споредено со истиот период во 2024 година, објавува порталот Oilprice.

Во Шпанија, стапката на ограничување скокнала од 9 на 12,2%, во Франција од 3,8 на 5,3%, во Германија од 4,5 на 4,9%, а во јужна Шведска од 2 на 2,4 %.

Турбините на ветер во Шкотска мораа да бидат исклучени дури 37% од вкупното време во првата половина од годината.

Европската комисија и земјите-членки признаваат дека капацитетот на обновливите извори ги надминува можностите на мрежите, на кои им е потребна итна модернизација и проширување. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави планови за справување со критичните застои за да се спречи зголемувањето на цените на електричната енергија и енергијата.

Проценките на Европската комисија покажуваат дека се потребни помеѓу 2 и 2,3 милијарди евра за модернизација на мрежите до 2050 година.

Share This Article